Угледниот приватен универзитет ЕУСП од Санкт Петербург ќе остане без лиценца за работа


Европскиот универзитет во Санкт Петербург (ЕУСП), угледна приватна установа позната по либералната ориентација, денеска соопшти дека се соочува со затворање откако руските власти не ѝ ја обновиле дозволата за работа.

„Во електронско известување испратено до ЕУСП од страна на Рособнадзор ја објави одлуката да ја одбие апликацијата на универзитетот за обновување на лиценца за образование. Одлуката е потпишана од заменикот-министер и шеф на Федералната служба за надзор во образованието и науката (Рособнадзор) Сергеј Кравцов“, се наведува на интернет-страницата на таа високообразовна институција.

Руските државните власти навеле две причини за одбивање на продолжувањето на лиценцата и тоа дека Универзитетот не ги исполнил барањата за противпожарна заштита, а втората е поради утврдени факти за обезбедување на неверодостојни информации.

Универзитетот тврди дека што се однесува на првата забелешка исполнети се сите барања, додека за втората бараат Рособнадзор да појасни кои се тие несигурни информации обезбедени од ЕУСП