Турција ќе побара три милијарди евра за сместување на бегалците

Официјална Анкара ќе побара од Европската унија три милијарди евра за сместување на сириските бегалци кои живеат во Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој прецизираше дека барањето ќе биде упатено за време на средбата во бугарскиот град Варна следната недела.

Ердоган прецизираше дека Турција досега добила само 850 милиони евра како прва транша од договорената помош за околу 3,5 милиони бегалци.

Уште три милијарди евра треба да бидат одобрени во текот на март.