Турција: Уапсени криумчари на радиоактивен материјал

Турската полиција уапси четири лица во Анкара откако во нивното возило пронајде ретка нуклеарна супстанца калифорниум 252.

Материјалот требало да биде продаден за околу 70 милиони долари, а идентитетот на купувачот засега е непознат.

Калифорниум, ситетички радиоактивен елемент, се произведува во лаборатории и често се користи за покренување нуклеарен реактор.