„Тепачка“ за плаќање на долговите за вода на рати
Пунктовите на ЈП „Водовод и канализација“ деновиве се преплавени од граѓани кои сакаат да си ги подмират долговите на рати. Оваа можност, раздолжување и тоа без камата, претпријатието го овозможи од 1 април и ќе трае до 15 мај.
„Во период од 3 до 12 април, склучени се вкупно 114 договори за отплата на рати. Искрено, очекувавме одѕив од граѓаните должници, но досега бројката на склучени договори за раздолжување навистина пријатно не изненади. Веројатно, затоа што нудиме можност за плаќање на долговите без камата, што не било пракса во изминатите години“, вели директорот Душко Вескоски во изјава за „Независен весник“.
Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот. Неодамна, директорот Душко Весковски за „Независен весник“ ги појасни условите за плаќањето. (Д.Т.Д.)