Столтенберг: Успехот на НАТО е во единството на различните


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е уверен дека НАТО ќе постои се додека „ние потребен силен сојуз за безбедност и одбрана“.
На прашање на новинар од бугарската национална телевизија дали НАТО, по седум децении, и понатаму има потреба да постои, Столтенберг вели дека 70-годишниот успех на НАТО, најуспешниот сојуз во историјата, се заснова на единство.
„Ние сме 29 различни земји од двете страни на Атлантикот. Различни ни се системите и историјата. Но, и покрај различностите заедничката цел не обединува. Друга причина за успех е нашата способност за прилагодување. Денеска светот се менува. Ние се менуваме, водени од целта на одржување на мирот и избегнување судири“, вели Столтенберг.
Одговарајќи на прашање дали руските енергетски проекти во Бугарија влијаат на заедничката одбрана на НАТО сојузниците, Столтенберг рече дека диверзификацијата на извори на енергија е добра за сите држави затоа што ги нивните слабости.
„Да се има повеќе добавувачи помага во преговорите за подобри работи. Диверзификацијата е клучна и од аспект на одбраната и за развој на стопанството“, вели Столтенберг. Тој смета дека примерот на Северна Македонија во НАТО е важно за земјата, за регионот и за НАТО.
Како што појасни тој, тоа докажува дека вратата на НАТО е отворена.
„Погледнете ја Бугарија. Нејзиното влегување пред 15 години помогна да се стабилизира Европа, да зајакне демократијата, владеењето на правото и да се зачува мирот, што е основа за економски просперитет“, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО ѝ честиташе на Бугарија што потпиша спогодба за добрососедски односи со Северна Македонија и што играше една од клучните улоги во процесот на атланска интеграција на Северна Македонија.