Србија: Полицијата ги сослушува Слаѓана Велков и Јелена Крлеуша оти ширеле пропаганда против вакцините


Белградската полиција почна да сослушува јавни личности од Србија против кои група граѓани поднесе кривична пријава поради предизвикување паника со своите објави против вакцинирањето од морбили.

Во полиција на распит вчера беше професорката Мира Совиљ, а неколку часа по неа и лекарот Тодор Јовановиќ, објави српскиот весник „Блиц“.

Сослушувањата се спроведуваат откако кон почетокот на февруари група од 270 родители поднесе кривична пријава поради ширење страв и паника од вакцинирање и појавата на епидемија на морбили.

Кривичната пријава е поднесена и ќе бидат сослушани д-р Слаѓана Велков, писателката и сценаристка Маја Волк, писателката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ,  фолк пејачката Јелена Карлеуша и други јавни личности од Србија, која доколку бидат осудени можат да добијат затворска казна до пет години.

Тужбата е поднесена против 43 лица кои организирале и учествувале во ширењето антиимунизациска пропаганда.