Сончево и топло
Денес времето ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.
Синоптичарите за март предвидуваат претежно облачно време, а температурата највисоко се очекува да се искачи до 14 степени, и тоа при крај на месецот. Најниската се очекува некои денови да се спушти од два стапени под нулата. Се очекуваат и дождливи денови.