Села ќе гласа воздржан за довербата на Владата


По едночасовната пауза, попладнево во Собранието на Република Македонија продолжи седницата за доверба на Владата. Зијадин Села од Алијансата за Албанците нагласи дека се работи за обичен театар, без суштинска дебата со цел македонската опозиција да се врати во Собранието.

“Алијансата за Албанците е дел од собраниската опозиција и ние нема да бидеме дел од овие политички игри за да ја поддржиме вашата интерпелација за актуелната Влада”, рече Села. Смета дека нема суштинска реформа во правдата, не е добра состојбата на децата Албанци во градинките и образованието, во државата има етничка поделба и треба одговорност во секторот култура.

За разлика од поддршката што Алијансата за Албанците ја даде за изборот за Владата, Села рече дека овој пат ќе гласаат воздржано.