СДСМ: Наместо да манипулира со вистината ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите
Наместо да манипулира со невистини и да навива за неуспех на државата, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните и да ги поддржи реформите.
Наместо да се обидуваат да манипулираат со јавноста, во ВМРО-ДПМНЕ треба да се информираат и добро да го прочитаат Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија посочуваат од СДСМ.
Таму ќе видат дека Европската комисија го констатира напредокот во сите области. Извештајот на ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, а Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.
Му се допаѓало на ВМРО-ДПМНЕ или не, Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од целиот демократски свет и земјите членки на Европската унија. Македонија тргна напред и тоа е признаено од сите, освен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да навива за неуспех на Македонија и преку невистини да се обидува да манипулира со јавноста, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за грабежите и поделбите што ги правеше цели 11 години, а потоа да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред.
Времето на неуспеси за Македонија заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Македонија тргна напред и враќање назад нема.