Русите гласаа и во вселената, излезеноста таму е100 отсто

Руските избори за претседател се во полн ек не само на Земјата, туку и во Вселената.

Денеска гласаа и космонаутите, а еден од нив вели дека таму излезеноста е 100 отсто.

Космонаутот Антон Шкаплеров гласаше на претседателските избори во Русија и стапи во контакт со Централната изборна комисија во Русија.

– Излезеноста на бродот на Меѓународната вселенска станица е 100 отсто – изјавил тој, а пренесува Спутник.