Путин: Секој глас е успех

Претседателскиот кандидат и актуелен претседател на Русија, Владимир Путин изјави дека го смета за успех секој процент од гласовите кои му даваат за право да ги извршува обврските како шеф на државата.

Путин го изјави тоа на избирачко место како одговор на прашање каков е резултатот кој ќе го смета за успешен за себе.

– Секој што дава право да се извршува функцијата претседател, изјави тој.

Путин гласаше во зградата на Руската академија на науките каде гласаше и во 2012 година.

Одговарајќи на други прашања тој изрази увереност во добрата негова програма која предлага развој на државата и рече дека денеска е „во работна атмосфера“ бидејќи има неколку работни средби.