Путин го сруши рекордот со добиените гласови

Владимир Путин вчера доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори во Русија, соопшти заменик претседателот на руската Централна изборна комисија Николај Булаев.

За Путин гласале над 56 милиони гласачи, или 76,66 проценти.

– Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија, вели тој. Податоците се од преброени 99,84 отсто од ливчињата.

– Во Москва гласовите за Путин се зголемиле од 1,2 на 3,2 милиони, што е за 60 проценти повеќе, отколку на изборите во 2012 година, соопшти претседателот на московската изборна комисија Владимир Горбунов.

Во Крим за Путин гласале 92,15 проценти од избирачите, или 985.117 лица. Изборната активност на полуостровот била 71,47 проценти, соопшти претседателот на регионалната изборна комисија Михаил Малишев.