Просечната нето плата во октомври е 23.356 денари
Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите уметност, забава и рекреација, рударство и вадење на камен и преработувачка индустрија.
Во однос на септември зголемување на нето-платата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Транспорт и складирање и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Просечната бруто-плата по вработен изнесува 34.266 денари и таа е зголемена за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани.
Во октомври 1,6 проценти од вработените не зеле плата.