Пронајден исчезнат скопјанец во БиХ


Триесет и деветгодишен македонски државјанин е пронајден жив по дводневна потрага во Босна и Херцеговина. Според информациите од сараевските медиуми, М.Р. од Скопје е пронајден по повеќечасовна потрага откако е пријавен за исчезнат во петокот вечерта. Го пријавиле сопатниците што патувале со него во возило „Ленд Ровер“ што го управувал бугарски државјанин. Запреле во местото Белени кај Фоча кога од возилото излегол М.Р. и од тогаш му се губи секаква трага. По детален преглед на теренот, како и со помош на куче-трагач, скопјанецот е пронајден и пренесен во болница во Фоча, по што по него дошле членовите на семејството.