Пријавено за исчезнато 54-годишно лице од Дебар

Од Секторот за внатрешни равботи во Охрид информираа дека е пријавено за исчезнато лицето К.Ј.(54) од Дебар.

Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера. Последен пат е виден синоќа околу полноќ во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро.

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност-Дебар, како и граѓани го пребаруваат теренот покрај брегот на езерото и пошироката околина.

Роднините обавија и фотографија и телефонски број и на социјалната мрежа фејсбук со цел да добијат каква било информација, која би помогнала во неговото пронаоѓање.