Приведен Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција

Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.

Саркози ќе го испрашуваат во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања, од страна на Либија.

Тој може да биде задржан во притвор 48 часа, пишува „Ле Монд“.

Случајот против Саркози беше отворен во 2012 година, но истрагата беше суспендирала во 2017 година кога судијата одлучил дека има доволно докази да почне со кривична постапка.

Распитот на Саркози се спроведува неколку недели откако во врска со истата истрага во Лондон беше уапсен неговиот поранешен соработник Александар Џури. Џури подцна беше ослободен со кауција.

Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година.