Прв директен лет од Истанбул до Охрид со „Онур Ер“


На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе биде одбележано пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата „Онур Ер“, во организација на тур-операторот „Татилбудур“.

По повод воспоставувањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул, на настанот ќе се обратат  министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на „Онур Ер“ и „Татилбудур“.