Прва жртва од свински грип во Албанија

Во Албанија  денеска почина 48-годишен маж како последица од вирусот АХ1Н1, познат како свински грип.

Извори  од Инфективната клиника во Тирана, за тиранската телевизија „Ора њуз“ потврдиле дека починатото лице било хоспитализирано во средата, имало пневмонија, поради што уште повеќе му се влошила состојбата.

– Жртвата пристигнала од Елбасан заедно со уште две други лица, за кои исто така се сомнева дека се заразени од свински грип. И тие се во тешка здравстевна состојба, наведува телевизијата.

Според албанските медиуми во петокот од грип почина 41-годишен маж. И тој е од Елбасан а во болницата во Тирана бил донесен во тешка состојба. Не се отфрла можноста и тој да бил заразен од вирусот АХ1Н1.