Почина Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешнината

Најпознатиот физичар на светот, професорот Стивен Хокинг почина на 77-годишна возраст во својот дом во Кембриџ, Велика Британија.

Неговото семејство соопшти дека Хокинг починал мирно, рано утрово, со неговото семејство до него.

Британскиот научник стекна светска слава поради својата работа на теоријата за црните дупки и откритието дека тие емитуваат т.н. „Хокингова радијација“.

Хокинг беше првиот светски научник, кој во својата работа ја комбинираше општата теорија за релативитетот и квантната механика.

Зад себе остави многу дела од кои најпозната е книгата „Куса историја на времето“.