Почина Слободан Праљак откако испи отров во судницата во Хаг


Поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана, генералот Слободан Праљак почина во болница во Хаг од отровот што го испи во судницата откако Хашкиот трибунал му ја потврди казната од 20 години затвор за воени злосторства, јави Хина.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денеска изрекува жалбена пресуда во предметот Прлиќ и останатите. Откако жалбениот совет ја потврди првостепената казна за Праљак од 20 години затвор, тој извика дека е не е воен злосторник, дека со презир ја отфрла пресудата и го испи отровот.

Судијата претседавач Кармел Агиус го прекина со зборовите „застанете ве молам“ а потоа продолжи да ја изрекува пресудата за генералот Миливој Петковиќ.

Набргу потоа на судијата му се обратила една од адвокатките на Праљак која му рекла дека нејзиниот клиент испил отров.