Почина Иван Карадак, авторот на култното хумористично радио шоу „Хихирику“
Вчера во Скопје, почина таткото на модерната македонска сатира, Иван Карадак, кој и беше познат на пошироката јавност по емисијата “Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.
Иван Карадак е автор на театарските претстави: “Угоре високо – Удолу длабоко”, “Хумористична партија “, адаптацијата на текстот “Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма “Мајче” и многу други а е добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.