Пет лица настрадаа во пожар во Германија, од кои четири деца

Пет лица, од кои четири деца, настрадаа во пожар кој зафати една куќа во Нирнберг, Германија, соопшти противпожарната служба.

Оттаму информираат дека околу 3 часот добиле повик, а кога пристигнале на самото место, целиот долен кат од семејната куќа бил во пламен.

Во пожарот настрадала 34-годишна жена, бебе и деца на возраст од четири, пет и седум години.

Четири возрасни успеале да избегаат од куќата и биле хоспитализирани со мали повреди.
Се испитува што го предизвикало пожарот.