Персоналот на ОН во Женава ќе штрајкува поради малите плати

Персоналот на ОН во Женева за утре најави штрајк поради намалувањето на платите.

На вработените во ОН во женева им е намалена годишната плата за 7,5 отсто, а повеже од 90 отсто од вкупно илјада вработени го поддржаа штрајкот.

„Прв ден од штрајкот е утре…ве молиме останете дома“, се наведува во електронската порака упатена до персоналот на ОН.

Освен таквиот повик, не се планирани други протести.