Опожарени дуќан во Скопска чаршија и угостителски објект во Бутел


Дуќан во Старата скопска чаршија и угостителски објект во општина Бутел ноќеска се опожарени при што е причинета материјална штета.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со четири возила и 11 пожарникари интервенирала од 23:13 до 00:55 часот на пожарот во Старата скопска чаршија, а од 03:55 до 05:25 часот седум пожарникари со три возила го гаснеле пожарот во угостителскиот објект на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во општина Бутел.

Материјалната штета во двата пожара се проценува на околу 300 илјади денари.