ОН бара итна помош за загрозените во воените зони во Сирија

Обединетите Нации денеска апелираа итно да се достави помош на Сиријците, кои се наоѓаат во воените зони.

– ОН во Сирија итно апелира за помош за да се запре катастрофалната ситуација во која се наоѓаат десетици илјади луѓе од Источна Гута и Африн“, се наведува во соопштението на хуманитарната канцеларија на ОН во Дамаск.

Високиот курдски функционер од Сирија Хеви Мустафа изјави дека повеќе од 200.000 луѓе, кои го напуштиле Африн поради турската офанзива, се без засолниште и немаат вода ни храна.

– Луѓето кои имаат автомобили, спијат во нив, а тие што немаат – спијат под дрвја со деца, изјави Мустафа.