Облак: Се зависи од Атлетико Мадрид

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, не знае каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи се зависи од одлуката на клубот.

Неговото име во последниов период се почесто се поврзува со Пари Сен Жермен.

– Невозможно е да се предвиди што не чека утре, а не камоли следната сезона. Во тој поглед сум мирен бидејќи се зависи од Атлетико. Засега нема ништо ново, иако се пишуваше за нов договор. Важечки е оној што го потпишав пред две години, а сега чекам да видам каков им е планот, истакна Облак.

Словенечкиот голман во 2014 година дојде во Атлетико од Бенфика, а договорот му важи до јуни 2021 година.