Нигерија: Ослободени 76 од 110 девојчиња киднапирани од „Боко харам“

Џихадисти од „Боко харам“ ослободија 76 од 110 девојчиња, кои минатиот месец беа киднапирани од едно место во Нигерија.

Мештаните на градот Дапчи наведуваат дека девојчињата биле вратени од мажи за кои се верува дека се борци од екстремистичката група „Боко харам“.

Тие, меѓутоа, не можеа да прецизираат колку девојчиња се вратени.

Ученичките, на возраст од 11 до 19 години, беа киднапирани на 19 февруари. Тоа е најголемото масовно киднапирање откако припадници на Боко Харам киднапираа повеќе од 270 девојчиња од Чибок во 2017 година.