Невремето прави проблеми во Унгарија, во Хрватска и во Романија

Околу 9.000 домаќинства во источниот дел на Унгарија се без електрична енергија, откако за време на викендот земјата беше погодена од снежно невреме.

Снегот предизвика и доцнење на возовите и отежнато одвивавање на сообраќајот.

Невреме ја погоди и Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво. Властите соопштија дека водостојот кај Јасеновац е за 10 цантиметри повисок од кога и да е досега. Десетина куќи се отсечени од светот, откако нивните жители одбија да се евакуираат, а спасувачите со чамци им доставуваат вода и храна. Експертите очекуваат дека нивото на реката Сава и во следните денови ќе се зголемува.

Десетици летови се откажани денеска во Романија поради снегот и ледениот дожд. Портпаролот на аеродромот во Букурешт Валентин Јордаке соопшти дека утрово биле одложени 30 полетувања поради невремето. Дел од возовите од Букурешт, исто така, доцнат поради невремето.

Метеоролозите за денеска издадоа жолт метеоаларм за снег, град и голомразица во Букурешт и седум други окрузи во земјата.