Намален природниот прираст, 177 умрени повеќе од родени
Бројот на живородените деца во првото тримесечје од годинава споредено со истиот период лани е намален за 1.6 отсто и изнесува 5.255 живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 отсто во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.
Податоците на ДСЗ покажуваат дека природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучени бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2.532 бракови. Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведени бракови.