Мајк Пенс го охрабри Ципрас да продолжи да работи со Заев за взаемно прифатливо решение


Американскиот потпретседател Мајк Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Според соопштението, Пенс „му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија“.

– Потпретседателот го охрабри премиерот Ципрас да продолжи да работи со премиерот Заев за взаемно прифатливо решение. Решавањето на овој спор ќе помогне за стабилноста и мирот во регионот, стои во документот.

Во соопштението се нагласува и дека Пенс и Ципрас се согласиле дека пред Атина и Скопје се отвора „историска можност да го решат ова прашање“ и оти „времето е од големо значење“.