Казна од 2.000 евра за користење на црногорското знаме како завеса

Предлог-законот за измени и дополнувања на законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора пристигна во собранието на Црна Гора.

Овој закон предвидува, меѓу другото, парична казна од 2.000 евра за лица што го користат знамето на Црна Гора како килим или завеса.

Согласно овој закон, парична казна од 1.000 до 20.000 евра ќе му се изрече на правно лице ако ги употребува грбот и знамето на начин кој му штети на јавниот морал, угледот и достоинството на Црна Гора.

Како што е наведено, знамето не смее да биде поставено така што ќе ја допира земјата.

Исто така, забрането е да се прават промени во текстот или мелодијата на химната.

Законот воведува обврската за државните институции, основани од државата или општините, да постават знамиња на зградите.

Казната на поединци за нестанување при изведување на државната химна на Црна Гора изнесува 300 до 2.000 евра.