Изложба на фотографии „Париски перспективи“ на Роберт Јанкулоски


Францускиот институт во Скопје организира отворање на изложбата на фотографии „Париски перспективи“ на македонскиот уметник Роберт Јанкулоски, утре, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкулоски, Директор на Македонскиот центар за фотографија, еминентен познавач на делото на браќата Манаки и актуелен Декан на Катедрата за визуелни уметности при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, ќе направи ретроспектива на неговото дело и ќе говори за старата фотографија како инспирација во неговата работа.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари во излогот и во просториите на Францускиот институт во Скопје.