Изложба во Атина за обновата на Скопје по земјотресот


Грција– Изложба „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“ ќе биде отворена денеска во музејот Бенаки во Атина. Изложбата, пред грчката публика за прв пат ја претставува темата на постземјотресната обнова на Скопје и улогата на Константинос А. Доксијадис во неа.

Изложбата и придружните манифестации се организирани од Музејот на Град Скопје, Хеленскиот институт за архитектура и музејот Бенаки.

Коорганизатори се Атина 2018 – Светска метропола на книгата – градот Атина (главен донатор е Фондацијата Ставрос Нијархос) и Градот Скопје.

Во кураторскиот тим се Калиопи Амигдалу, Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Костас Циамбаос, а помошник куратор е Христос Критикос.

Изложбата во атинскиот музеј ќе биде отворена од 20 декември 2018 до 17 февруари 2019.