Ибрахимовиќ од Манчестер јунајтед заминува во ЛА Галакси

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во следните неколку дена го напушта Манчестер јунајтед, а веќе се договорил со ЛА Галакси и својата кариера ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Како што објави ЕСПН, тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, му овозможил на шведскиот напаѓач да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ пред крајот на сезоната.

Договорот за трансфер во американската лига се очекува да биде објавен во следните три дена.

Ибрахимовиќ минатата сезона имаше тешка повредата на коленото по која не можеше да се врати во најдобрата играчка форма. Тој на „Олд Трафорд“ дојде од ПСЖ во 2016 година.

Претходно настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.