Зголемен е бројот на туристи
Зголемен е бројот на туристи што ја посетиле држава, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Според ДЗС, бројот на туристите во февруари годинава бил 41.182, што е зголемување за 11,7 отсто во однос на истиот месец лани. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 11,8 отсто и во февруари 2018 година тој изнесувал 89.301.
Статистиката вели дека бројот на домашните туристи во февруари 2018 година во однос на февруари 2017 година е зголемен за 8,1 отсто, а на странските за 13,8 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е зголемен за 25,4 проценти, а на ноќевањата на странските за 4,3 отсто.
Бројот на туристи покажува раст и во периодот јануари – февруари 2018 година во однос на истиот период лани. Зголемувањето е 13 отсто или кај домашните 6,3 отсто, а кај странските 17,4 отсто. Во овој споредбен период е зголемен и бројот на ноќевањата, за 17,2 отсто – кај домашните туристи за 17 отсто, а кај странските за 17,4 отсто.