Заклучен избирачкиот список – цензусот тежи 903.169 гласови

Државната изборна комисија го заклучила викендов избирачкиот список за престојниот референдум. Право на глас на 30 септември имаат вкупно 1.806.336 избирачи. Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи.

Престојниот референдум за договорот за името е консултативен, што според референдумската регулатива, значи дека неговите резултати не се обврзувачки за институциите. Сепак, пораките од Владата се дека волјата што граѓаните ќе ја искажат на 30 септември ќе се смета за обврзувачка.

На последните избори во земјава – локалните во во 2017 година, на гласање, во првиот круг, излегоа  1.079.876 избирачи од вкупно 1.814.644 регистрирани во избирачкиот список. Тоа значеше одѕив од 59,5 отсто.