Загина пешак во Куманово, откако во него удрил автомобил
Пешак во Куманово, загина откако во него удрил автомобил „тојота јарис“ со скопски регистарски таблички, соопшти МВР.
Сообраќајната несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на излез од Куманово.
Полицијата врши увид, а од 17 часот овој патен правец е затворен за сообраќај.