До 2050 година ракот нема да биде смртоносна болест


Човештвото во следните три и пол децении ќе ја однесе најважната победа во борбата против ракот, кој до 2050 година ќе престане да биде смртоносна болест за луѓето помлади од 80 години, соопшти Лондонскиот универзитетски колеџ.
Научниците од Лондон веруваат дека во релативно краток рок медицината толку ќе напредува што со ракот нема да можат да се изборат само најстарите луѓе. Тие навестуваат дека ако истражувањата продолжат да се развиваат со ова темпо, канцерот повеќе нема да биде смртоносен за луѓето во средна возраст.
И во претходните неколку години стапката на смртност од рак беше поголема кај луѓето постари од 75 години.
– Реално е да се очекува дека до 2050 година речиси сите болести поврзани со канцер кај деца и возрасни до 75-80 години ќе можат да се спречат со промена на начинот на живот и со подобри фармацевтски и други компании – навестија научниците од Лондон.