Дамаск бара повлекување на турските сили од Африн

Сириската Влада денеска побара повлекување на турските сили од градот Африн во северозападна Сирија.

Анкара вчера соопшти дека турските сили и борците на сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Турција, презеле целосна контрола над Африн, кој беше главно упориште на Силите за заштита на народот на сириските Курди во северозападна Сирија.

– Соопштението на режимот на турскиот претседател дека неговите окупаторски сили го контролираат Африн е нелегиитмно, наведува сириското Министерство за надворешни работи во писмо испртатено до ОН.

Во писмото се наведува дека Сирија бара „окупаторите итно да се повчелат од сирсиската територија што ја окупираа“.

Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот во реонот на Африн. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Според Анкара, со операцијата, наречена „Маслиново гранче“, Турција сака да спречи создавање на „терористчки коридори“ во Сирија и да ги спаси луѓето кои „се угнетени од терористчки организации“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека операцијата „Маслиново гранче“ по освојувањето на Африн, ќе продолжи и кон другите градови во Сирија што се под контрола на вооружените групи на сириските Курди.

– Сега ние ќе го продолжиме процесот на целосно уништување на коридорот составен од Манбиџ, Кобане, Тел Абијад, Рас ал Ајн и Камишли, изјави Еродган.

Од друга страна, турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека цел на Турција не е да го окупира Африн и дека планира да им го предаде на „вистинските сопственици“.

– Ние не сме окупатори. Цел на нашата офанзива е да го исчистиме регионот од терористи, нагласи Боздаг.

Според него, силите на сириските Курди се повлекле од Африн „затоа што биле уплашени“. – Тоа јасно се гледа по оружјето и миницијата што ги оставија, додаде Боздаг.