Градот Африн во Северна Сирија е под целосна контрола на турската армија

Турската армија и силите на Слободната сириска армија воспоставија целосна контрола врз градот Африн во северна Сирија, во рамки на операцијата „Маслиново гранче“.

„Сите населби во областа се исчистени од терористите на курдската Партија на Демократска унија и Курдската работничка партија“, се наведува на сајтот на Генералштабот на турската армија.

За време на операцијата загинаа 3.733 терористи, а на турската страна загинаа 47 војници.

Во текстот се посочува дека продолжуваат акциите за деминирање, со цел да се обезбеди безбедност на локалното население и мирно враќање во нивните домови.

„Се работи на тоа за да се обезбеди снабдување со електрична енергија и водоснабдување на областа“, се нагласува во извештајот.