Во центарот на Штип прегазена жена на пешачки
Прегазена е жена попладнево во центарот на Штип, на еден од пешачките премини на кружниот тек кај Стопанска банка. Веднаш е пренесена во Клиничката болница каде лекарите треба да утврдат со какви повреди се здобила.
Според портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, несреќата се случила во 15 часот и 50 минути, а жената на која се уште не и се знае идентитетот, ја прегазил 63 годишен возач на такси возило, кој управувал со „Фолксваген голф“, со штипски регистарски таблички.
Очевидците велат дека на овие премини не застануваат возачите и покрај тоа што е централно градско подрачје.
СВР-Штип повеќе детали за несреќата најавува во текот на утрешниот ден.