Воз преполови автобус, тројца мртви меѓу нив и дете

Повторно ужасна несреќа во Србија, повторно загинаа најмалку тројца, а меѓу нив и дете.

Српскиот Курир пишува дека утринава во село Долно Меѓурово кај Ниш се судриле  воз и автобус, кој буквално се поделил на пола. Најмалку на лице место загинале три лица, 6 лица се тешко и 16 полесно повредени.

Меѓу загинатите има и дете.

На лице место се полицијата, Брзата помош и пожарникарите.