Внук си ја убил бабата во Драчево


Шеесет и шест годишна жена попладнево е пронајдена мртва во нејзиниот семеен дом во скопската населба Драчево. Како што соопшти ОЈО сторител на злосторството е нејзиниот  дваесет-годишен внук, кој откако видел што направил се јавил во најблиската полициска станица и го признал делото. Мотивот за убиството засега не е  познат. Во моментот, екипи на обвинителството и полицијата вршат обид на местото на настанот по што се очекуваат повеќе детали за случајот.