Влезниците за Стинг во ограничен број: Од 1.500 до 5.000 денари


Влезниците за концертот на поп-ѕвездата Стинг кој ќе се одржи на 2 јуни 2019 година во арената „Филип Втори“, ќе бидат во строго ограничен број, информираат од Авалон.

Во договор со Cherrytree Management и Live Nation, организаторот, воопшто нема да ги пушта западна трибина (затоа што е далеку од бината) и источна трибина (затоа што бината ќе биде поставена на таа страна) во продажба, додека јужна и северна трибина ќе бидат адаптирани според продукцијата од техничкиот рајдер на менаџментот на Стинг.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре во 9 часот преку продажната мрежа на Авалон, Југотон и онлајн преку avalon.mk по следниве цени и категории: од 1.500 денари за партер, пред бината за 3000 денари, сребрени седишта по 2000 денари, златни-по 3000 денари и ВИП за 5000 денари.

Во рамките на турнејата низ регионот „My songs“, Стинг ќе ги испее„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“…