(ВИДЕО) Ѓоковиќ во еден ден забележа две победи, па од замор не можеше да си го најде автомобилот

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во три сета го совлада канадскиот тенисер Милош Раониќ. Ѓоковиќ во претходниот меч во истиот ден го совлада и Бугаринот Григор Димитров.

Натпреварот од третото коло се играше два дена, а дуелот меѓу двата тенисера започна завчера, но поради дожд мораше да биде прекинат и продолжи вчера.

Видеото подолу е доказ дека и најголемите светски ѕвезди се само обични луѓе на кои им се случува да заборават каде си го паркирале автомобилот.

Ѓоковиќ по неколкучасовен замор и стрес отиде да се одмори во хотелот затоа што веќе денес од 20 часот игра против Хрватот Марин Чилиќ за финале на Мастерсот во Синсинати.