(ВИДЕО) Фалангата подготвена да навива вечерва за македонските ракометари


Македонската ракометна репрезентација предводена од Ел Команданте, Раул Гонзалес, вечерва со почеток во 20:30 часот ќе ги измери силите со Шпанија.

Натпреварот ќе се одржи во салата во Вараждин, каде што нашите ракометари веќе два дена го запознаваат теренот.

Ракометарите имаат добри видеоанализи, разработуваат тактика и ги составуваат коцките.

– Шпанија е многу силна и опасна репрезентација. Верувам дека полека доаѓаме до фаза во која можеме да кажеме дека сме спремни за нив“, изјави Жарко Пешевски, кој заедно со Стојанче Стоилов и Никола Маркоски ќе водат голема битка на линијата од шест метри со шпанските ракометари.

Како голема поддршка за нив се многубројните македонски фанови кои отидоа до Хрватска да ги следат сите нивните натпревари. Во салата во Вараждин вечерва се очекува доминација на македонските навивачи.

Пред овој натпревар, да се потсетиме на нивните најдобри моменти од одиграните натпревари, но и на видеото кога Борко Ристовски, Филип Талевски и Стојанче Стоилов играа брза географија.

Хота Гоналез ќе биде новиот асистент на македонскиот селектор Раул Гонзалес во продолжение на Европското првенство во Хрватска.

Откако Македонија вечерва ќе го одигра дуелот против Шпанија, досегашниот асистент на Гонзалез, Роберто Гарсија Парондо ќе се врати во Скопје, а неговото место ќе го заземе нивниот сонародник Хота Гоналез.

Парондо мора да се врати во Скопје, поради обврските со ракометарките на ЖРК Вардар кои следната седмица ги очекува стартот на вториот дел од натпреварите во Лигата на шампионките.

– Таков беше договорот, Сергеј Самсоненко дозволи Парондо да работи со репрезентацијата до 21 јануари. Затоа, тој утре наутро ќе тргне назад кон Скопје. Веќе е договорено во текот на утрешниот ден во Вараждин да ни се приклучи Хота Гонзалес, шпанскиот стручњак што ќе му биде помошник на Раул во ПСЖ и кој ќе биде дел од нашиот стручен штаб до крајот на овој шампионат, потврди директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески, во интервјуто на македонскиот портал „Екипа“.

Хота Гонзалес е доскорешен тренер на Ла Риоха, а тој ќе му биде помошник на Раул Гонзалез и во ПСЖ.