(ВИДЕО) Работниците не ги исполниле работните задачи, па шефовите ги натерале да ползат на улица


На социјалните мрежи се појави скандалозно видео на кое се гледаат кинески работници принудени да ползат на фреквентна улица, како казна зашто не ги исполниле зададените работни задачи.

Работниците, главно жени, ползат зад човекот кој ја предводи колоната држејќи го црвеното знаме на компанијата.

Срамната поворка запре кога интервенираше полицијата. Според извештаите на кинеските медиуми, оваа компанија која продава производи за убавина е привремено затворена.

На социјалните мрежи и претходно се појавуваа видеоснимки од сурово казнување на работници во Кина.