Вавринка го помина Ѓоковиќ на АТП листата


Најдобриот српски тенисер и поранешен прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ падна за една позиција на АТП листата и иако има ист број на бодови (2.470) сега е на 14. место.

По пласманот во полуфиналето на турнирот во Софија, Швајцарецот Стан Вавринка со 2.475 поени го помина Ѓоковиќ и се наоѓа на 13. позиција.

На врвот и натаму е Рафаел Надал со 9.760 бодови или само 155 повеќе од второпласираниот Рожер Федерер (9.605), додека трет е Хрватот Марин Чилиќ со 4.960 бодови.

Во првата десетка единствената измена ја направи Русинот Александар Зверев, кој се искачи на четвртата позиција, и го истисна Бугаринот Григор Димитров на петто место.