Балетот „Самсон и Далила“ во МОБ


Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска,  а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Ќе настапат и Саша ЕфтимоваЕндру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго. Сценографијата на претставата е на Зоран Костовски, костимограф Александар Ношпал.