Армијата ќе добие нов началник


На утрешната прослава ќе биде соопштено името на новиот началник на Генералштабот на АРМ, дознава Телма од извори во одбраната.
Истите извори за телевизијата тврдат дека на позицијата ќе биде назначен генерал мајор Васко Ѓурчиновски, кој се враќа од Брисел каде досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО.
Ѓурчиновски ќе го наследи досегашниот началник генералот Методија Величковски кому задутре му истекува тригодишниот мандат.